среда, 25 февруари 2026

Jошевска до Филков: Нема потреба од итна седница на Судскиот совет

Нема потреба од итна седница на Судски совет за да се расправа основно правило во кривична постапка, напиша на Фејсбук Сузана Јошевска Анастасовска, член на Судскиот совет одговарајќи му на министерот за правда Игор Филков, кој вчера побара одговорност од обвинителот и од судијата за изречениот куќен притвор на поранешниот вицепремиер Артан Груби.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Судија не смее да изрече мерка притвор ако има предлог од обвинител за куќен притвор“, напиша Јошевска Анастасовска на Фејсбук.

Вчера Филков повика Судскиот совет и Советот на јавни обвинители итно да свикаат седници за овој случај.

„Одговорноста за одлуката за куќен притвор мора да биде лоцирана со име и презиме. Јавно ги повикувам Судскиот совет и Советот на јавните обвинители итно да свикаат седници, да го разгледаат овој случај и да утврдат дали постои основ за одговорност кај судијата и кај јавниот обвинител. Институционалната контрола мора да функционира. Ги повикувам сите актери во постапката да дадат објаснување. Јавниот обвинител Даниел Коцев да објасни врз основа на кои конкретни факти и правни аргументи е дадено позитивно мислење за замена на притворот. Раководителот на обвинителството, Анел Фидоски, да каже дали стои зад оваа одлука и дали смета дека ова е порака за еднаква примена на законот. Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, Марин Станевски, да каже кои околности го надминале ризикот од бегство кај лице кое веќе 14 месеци беше недостапно“, изјави Филков и додаде дека ќе побара да се изврши вонреден надзор во „Затвор Скопје“, како и во останатите затвори низ Македонија, во однос на безбедносната состојба.

Обвинителството соопшти дека предложиле куќен притвор за Артан Груби затоа што МВР и АНБ процениле дека тој нема да е ебезбеден во притворот во Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари. Директорот на овој затвор Бобан Утковски во изјава за МКД.мк вчера рече дека „гарантрам дека безбедноста е загарантирана за секој еден притвореник, вклучувајќи го и Артан Груби“.

Поранешниот вицепремиер Артан Груби од ДУИ завчера беше уапсен на граничниот премин Блаце, по 14 месеци бегство. Тој е осомничен за проневера од 8 милиони евра во Државна лотарија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ