четврток, 25 декември 2025
Локални избори 2025

Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ во Штип го слави вториот градоначалнички мандат

Иван Јорданов е старо-новиот градоначалник на Општина Штип. Вечерва само по час и половина од затварањето на избирачките места, прогласи победа и со членовите, симпатизерите на ВМРО – ДПМНЕ и граѓаните на Штип слави на Градскиот плоштад „Слобода“. Јорданов се заблагодари на граѓаните на Штип, кои мирно, достоинствено и на демократски начин го дадоа својот глас на осмите по ред локални избори.

Објавено на

часот

Сподели

„Морам да истакнам дека огромната поддршка која ја добивме со некаде од околу 80% од гласачите кои излегоа на овие избори е една огромна одговорност, но исто така и легитимитет за сите проекти, коишто ги работиме во овој момент и за продолжување на развојот на нашиот град. Согласно добиените резултати од избирачките места, верувајте поддршката е огромна и верувам дека тој сооднос ќе се движи некаде 5:1 или 6:1 до крајот на броењето на овие избирачки места. Така што легитиметот и одговорноста е огромна“, вели Јорданов.

Инаку, Иван Јорданов е и првиот градоначалник, кој од граѓаните на Штип доби втор мандат. Во Штип денеска гласаа над 51% од вкупниот број на избирачи.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ