понеделник, 8 декември 2025

ЈО: По пожарот почна увидот во „Макпрогрес“ Виница

Државното обвинителство денеска соопшти дека е почнат увидот во фабриката „Макпрогрес“ Виница каде во пожар изгореа производствен погон и две магацински простории.

Објавено на

часот

Сподели

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани го започна увидот по настанатиот пожар во фабриката ‘Макпрогрес-Винчини’ во Виница. Увидните дејства ќе продолжат и следните денови, бидејќи во дел од магацините за суровини и готови производи се уште има жаришта кои тлеат. Поставени се противпожарни возила за заштита на плинската станица која не беше зафатена од огнот“, информираат од Обвинителството.

Во текот на утрешниот ден на увид на лице место е повикано и вешто лице – електроинжинер, а во меѓувреме, обезбедени се снимки од видео надзорот и се преземаат други дејствија за испитување на настанот.

По гаснењето на пожарот, јавен обвинител бил на лице место во фабриката „Макпрогрес“, но увидот не можеше да се почне затоа што пожарот не беше во целост изгаснат.

Пожарот во фабриката за кондиторски производи и вафли избувна во саботата околу 18 часот. Покрај пожарникарите од Виница, во гаснењето беа вклучени и пожарникари од неколку соседни општини. Повредени беа 18 лица, од кои 13 хоспитализирани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ