сабота, 20 декември 2025

Обвинение за пратеникот Јанчев за сообраќајката со смртни последици во Марино

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, откако ги обезбеди сите докази и со соодветни вештачења ги утврди причините за сообраќајната несреќа која се случи на 14 септември по полноќ во селото Марино.

Објавено на

часот

Сподели

Јавното обвинителство соопшти дека осомничениот управувал автомобил „хјундаи тусон”, но не се придржувал на прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот и телото на луѓето. Тој, велат од ЈО, непрописно свртел со возилото без да се увери дека тоа може да го направи без да ги загрози другите учесници во сообраќајот. Во тој момент во возилото удрил мотор „јијинг” без регистарски ознаки и без вградени светлосни уреди, со кој управувал 16-годишниот Матеј Димовски.

„Возачот на моторот не поседувал возачка дозвола, а тој и неговата сопатничка не носеле заштитни кациги. Како резултат на повредите здобиени при несреќата, 16-годишникот починал, додека неговата 13-годишна сопатничка била потешко повредена“, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

На 11 декември писмо со барање за одземање на имунитетот на пратеникот Сашко Јанчев од Левица до претседателот на Собранието Африм Гаши испратиле родителите на тешко повреденото 13–годишно девојче во сообраќајната несреќа што се случи на 14 септември годинава во Илинден. На повредите од несреќата подоцна, на 9 октомври им подлегна 16-годишното момче кое го управувало мопедот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ