„Во фокусот на дискусијата беше и реализацијата на заеднички активности насочени кон уште поефикасно постапување по состојбите утврдени во ревизорските извештаи, како и зајакнување на владеењето на правото, отчетноста и транспарентноста во управувањето со јавните средства, како и потребата од дополнителна координација со надлежните институции, како Министерството за внатрешни работи и Управата за финансиска полиција, во насока на обезбедување соодветен одговор и постапување од страна на надлежните органи“, соопшти ЈО.
ЈО и ДЗР се договорија да ја продлабочат соработката
Државниот јавнен обвинител Ненад Савески денеска имаше работен состанок со тим на Државниот завод за ревизија предводен од главниот државен ревизор Максим Ацевски и заменик-главниот државен ревизор Орхан Адеми. На состанокот, информираат од ЈО, беше изразено задоволство од досегашната меѓуинституционална соработка, а се разговараше и за нејзино продолжување и продлабочување со посебен акцент на унапредување на координацијата и размената на информации помеѓу Државниот завод за ревизија и Јавното обвинителство (ЈО).

Објавено на
часот





