вторник, 10 февруари 2026

Јавното обвинителство со два меморандуми за борба против криминалот со културното наследство и животната средина

Јавното обвинителство на Република Македонија е една од клучните институции-потписнички на два меморандуми за разбирање, чија цел е зајакнување на институционалните капацитети за спречување и гонење на кривични дела против културното наследство и животната средина.

Објавено на

часот

Сподели

Со настанот беше одбележано и успешно завршување на твининг проектот помеѓу Италија и Република Македонија, финансиран од Европската Унија преку Инструментот за претпристапна помош – ИПА.

„Кривичните дела во овие области се карактеризираат со високо ниво на сложеност, често вклучуваат организирани структури, прекугранични активности, финансиски интереси и значителна материјална штета. Последиците од ваквите дела во голем дел се трајни, бидејќи уништеното културно добро или деградираната животна средина речиси никогаш не можат целосно да се обноват. Затоа, покрај националните механизми, од суштинско значење се и меѓународната правна помош, размената на информации и оперативната соработка со институциите од регионот и Европската Унија“, велат од Јавното обвинителство.

Во рамки на проектот, во чија реализација беа вклучени италијанските карабинери со специјализирана експертиза, фокусот беше ставен на јакнење на националните капацитети за спречување, истражување и борба против кривични дела поврзани со културното наследство и животната средина, во согласност со европските стандарди и најдобрите практики.

Како резултат на зајакнатата меѓуинституционална соработка, преку воспоставени структурирани механизми за координација, беа потпишани двата меморандуми за разбирање, со кои се воспоставуваат национални мултиинституционални платформи за заедничко дејствување против криминалот поврзан со културното наследство и животната средина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ