четврток, 8 мај 2025

Јавно обвинителство: Продолжува прибирањето на докази во истрагата за пожарот во Пулс

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

„Иако увидот на лице место формално е завршен, вештите лица кои вршат испитувања и анализи за потребите на постапката, по наредба на јавен обвинител, на лице место преземаат и дополнителни дејствија со цел темелна проверка и согледување на сите околности при пожарот. За таа цел, објектот сѐ уште е обезбеден и локацијата детално се прегледува“, велат од ЈО.

Оттаму додаваат дека се издаваат барања за дополнителни проверки, анализи и наредби за вештачења на околности кои ги испитуваат и утврдуваат вештите лица.

„Дополнително, до овој момент за потребите на постапката се издадени наредби за анализа на податоци од преку 70 мобилни телефони и 30-тина десктоп и лаптоп компјутери“, информираа од обвинителството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ