петок, 26 декември 2025
Локални избори 2025

Јавно обвинителство: Мирен изборен ден, доставена една пријава за сомнежи за изборни нерегуларности

Привремената комисија на Јавното обвинителство за следење на евентуални кривични дела поврзани со изборниот процес во текот на денешниот ден го следеше вториот круг од гласањето на локалните избори, а во јавните обвинителства беа организирани вонредни дежурства со цел навремена координација и давање насоки за постапување на надлежните органи, соопшти вечерва Јавното обвинителство.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираше Јавното обвинителство, изборниот ден поминал без поголеми нарушувања на изборниот процес, а до Обвинителство во текот на денешниот ден било доставено само едно известување на подрачјето на Општина Шуто Оризари за фотографирање на гласачко ливче.

„Итно се дадени насоки за документирање на настанот кој претставува прекршок“, велат од Јавното обвинителство.

Оттаму додаваат дека и покрај мирниот изборен ден, Комисијата на Јавното обвинителство останува активна до целосно завршување на изборниот процес, а сите што евентуално имаат сомнежи за кривично дело поврзано со изборниот процес тоа можат да го направат во сите јавни обвинителства во државава или на посебната електронска адреса [email protected]

„По сите пријави за кривични дела поврзани со изборите јавните обвинителства постапуваат со приоритет“, велат од Јавното обвинителство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ