ЈСП Скопје соопшти дека исклучок ќе бидат линиите: 11, 11а, 18а, 32, 47а, 51, 55, 55в, 56, 56а, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе работат по саботен возен ред.
Дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација кај Транспортен центар и Зелен пазар.
Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10 до 20 часот, при што од 19 до 19:30 часот е последното возење од долу кон врвот, а во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу.
Воедно, од ЈСП информираат дека од понеделник, согласно со Одлуката за линиски превоз на патници во Град Скопје, јавниот градски превоз ќе функционира по делничен зимски возен ред.






