среда, 9 јули 2025

Јавна седница на Апелацискиот суд по жалбите на ОЈО за куќниот притвор на директорите на Онкологија

Апелацискиот суд во Скопје денеска ќе одржи јавни седници по поднесените жалби од Основното јавно обвинителство по одлуките на Кривичниот суд за поранешните директори на Клиниката за онкологија Нино Васев и Нехат Нухи осомничени во случајот „Онкологија“.

 

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира Апелацискиот суд, јавната седница за предметот против обвинетиот Нино Васев ќе се одржи во 10:30 часот, а седницата за организацискиот директор Нехат Нухи во 14 часот.

Основниот кривичен суд им одреди мерка „куќен притвор“ на двајцата поранешни директори, а Обвинителството незадоволно од одлуката најави жалба пред Апелацискиот суд.

За предметот „Онкологија“, Основното јавно обвинилетсво поднесе две обвиненија со кои се опфатени двајцата поранешни директори на Клиниката и четворица доктори онколози.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ