понеделник, 15 декември 2025

Јавна расправа на АВМУ за нацрт- деловникот и нацрт-упатството за платено политичко рекламирање

Советот на Агенцијата  за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги соопшти денеска дека на 5-та седница одржана на 21 јули 2025 година усвои нацрт-упатство за изменување и дополнување на Упатството за потврдување на извештаите за емитувано платено политичко рекламирање.

Објавено на

часот

Сподели

„Агенцијата ги повикува сите заинтересирани страни, со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа за нацрт-упатството и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на е-адресата [email protected].  Јавната расправа ќе трае 45 дена, заклучно со 5 септември 2025 година“, наведуваат од АВМУ.

На истата седница Советот на Агенцијата донел и нацрт-деловник за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Агенцијата ги повикува сите заинтересирани страни, со свои мислења и предлози да учествуваат и во јавната расправа за нацрт-деловникот и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на е-адресата [email protected].

Јавната расправа, во однос на Нацрт Деловникот, како што соопштуваат од АВМУ, ќе трае 30 дена, заклучно со 20 август 2025 година.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ