понеделник, 8 декември 2025

Јавен повик за изработка на веб – страници од Министерството за дигитална трансформација

Министерството за дигитална трансформација објавува јавен повик до единиците на локална самоуправа и институциите од јавниот сектор во Република Македонија за изработка на официјални веб-страници.

Објавено на

часот

Сподели

Повикот, како што соопштуваат од министерството, е дел од иницијативата за дигитализација на локалната самоуправа, но и подобрување на комуникацијата на јавниот сектор со граѓаните преку современи дигитални решенија.

„Јавниот повик е во насока на унапредување на дигиталната инфраструктура и зголемување на транспарентноста и пристапноста на локалните самоуправи. Право на пријавување имаат сите општини и институции од јавниот сектор во Република Македонија, без разлика на нивната големина, број на жители или моменталниот статус на нивната веб страница“, се наведува во соопштението од МДТ.

Пријавите, како што дополнуваат, може да се достават најдоцна до 31.12.2025, електронски: [email protected] или на адреса: Министерство за дигитална трансформација, бул. Филип Втори Македонски, бр. 11, 1000 Скопје.

„Пријавите ќе се обработуваат по принципот ‘прв дојден прв услужен’, сè до пополнување на расположливиот број на општини и институции што можат да бидат опфатени. Министерството ќе ги известува пријавените општини и институции за статусот на нивната апликација“, дополнуваат оттаму.

Подетални информации министерстовто проследува на следниов линк.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ