понеделник, 26 јануари 2026

Jавен повик до основните и средните училишта за „Eвропски квиз на пари 2026“

Македонската банкарска асоцијација (МБА) во соработка со Народната банка на Република Северна Македонија и Комисијата за хартии од вредност објави повик до основните и средните училишта во државава за учество на меѓународниот натпревар „Европски квиз на парите“ – проект на Европската банкарска федерација за финансиска едукација на учениците од 13 до 15 години.

Објавено на

часот

Сподели

Европскиот квиз на парите се одвива во две фази, во првата се националните натпревари во секоја земја, а втората фаза е европското финале, во кое учествуваат победниците на националните натпревари.

Националниот натпревар кај нас ќе се одржи за време на Глобалната недела на парите (од 16 до 22 март 2026 година), на македонски и на албански јазик, во два круга. Како што појасни МБА, првиот круг е онлајн-натпревар за селекција на најдобрите тимови, а во вториот круг  ќе се натпреваруваат најдобрите тимови за титулата „национален шампион“ со физичко присуство во просториите на Македонската банкарска асоцијација. Тимот од најдобрите двајца ученици ќе ја претставува нашата земја на европското финале, кое ќе се одржува на 18 и 19 мај 2026 година во Брисел.

„Секој тим се натпреварува на својот мајчин јазик. Европската банкарска федерација ќе им додели парична награда на училиштата што ќе освојат прво, второ и трето место. Натпреварите ќе се одвиваат преку посебна електронска апликација за оваа намена Кахут, која е едукативна платформа врз база на игра. Се повикуваат сите заинтересирани основни и средни училишта да пријават одделенија/класови или тимови на ученици за учество на националниот натпревар, најдоцна до 23 февруари 2026 година, со достава на податоци за учениците на електронската адреса: [email protected] “,  информира Македонската банкарска асоцијација.

Во соопштението МБА посочува дека учениците ќе се натпреваруваат во тимови по двајца. Секое основно или средно училиште може да пријави повеќе одделенија/класови и секој клас може да пријави повеќе тимови.  Учениците треба да бидат на возраст од 13 до 15 години.

„Заедно со податоците за одделенијата/класовите треба да се достават и податоци за наставниците/професорите под чие менторство ќе се одвива подготовката. Едукативните материјали потребни на учесниците од Република Северна Македонија за подготовка за националниот натпревар и европското финале и повеќе информации за Европскиот квиз на парите се достапни на веб-страниците, mba.mk  и efb.eu“, додава МБА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ