Рокот за аплицирање е 60 дена од денот на објавувањето на огласот во дневен весник.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (во понатамошниот текст: Министерство) доделува право на купен и вграден инвертер клима-уред на домаќинство кое е во состојба на енергетска сиромаштија поради недостапност до основните енергетски услуги, кои обезбедуваат прифатливи стандарди за живеење и за здравјето. Право на користење на оваа помош имаат едночлените семејства чии примања се 25.000 денари, 31.000 денари за домаќинство со два члена, 37.000 денари за домаќинство со три члена и 43.000 денари за домаќинство со четири и повеќе члена.
За оваа намена превидени се 120 милиони денари.






