сабота, 13 декември 2025

Јаревски: Стевчо Јакимовски е алиби-мајстор кој се плаши од ревизија

Стевчо Јакимовски знае дека следи ревизија на неговата криминална работа и дека ќе излезат на виделина сите криминали кои ги правел, затоа плаче, наместо да честита, кажа на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски.

Објавено на

часот

Сподели

„Стевчо Јакимовски е причината зашто Карпош e бетонска џунгла, во која интересот на граѓаните беше на последно место. Стевчо Јакимовски по поразот кој го доживеа во Карпош, сè уште не може да се помири дека дојде крајот на неговото изживување врз карпошани. Јакимовски тоне во своите солзи, говори за некакви изборни нерегуларности во кои само тој верува. Јакимовски е свесен за неговите злоупотреби кои ги има направено во Карпош и во страв дека сите работи ќе излезат на виделина, Стевчо плаче“, вели Јаревски.

Според Јаревски „алиби мајсторот Стевчо“, се плаши од ревизија во општината и затоа му порачува овие неколку дена што му останаа како градоначалник на Карпош да не потпишува никакви документи, бидејќи во ВМРО-ДПМНЕ добиваат информации „дека презема очајнички слугувања кон мафијашите што ги штити“.

„Храбриот Стевчо треба да знае две работи, а тоа е дека народот во Карпош го порази и дека ќе има ревизија на неговото работење. Карпош се ослободи од Стевчо и неговите другарчиња од градежната мафија. Сотир Лукровски и ВМРО-ДПМНЕ ќе ја препородат општина Карпош“, порачува Јаревски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ