„Буџет што значи работа, работа и само работа. Овие проекции ги базираше Mинистерството за финансии врз основа на барањата на буџетските корисници. Исто така, има два нови моменти кои треба навистина да се земат предвид и да се почитуваат – тоа е изразена фискална дисциплина, како и серија на инструменти коишто ќе значат зголемена отчетност и ефикасност при реализацијата на самите буџети. Треба да се поздрави и тенденцијата за намалување на буџетскиот дефицит, лани беше 4 отсто, сега е веќе 3,5%. Тоа е 0,5 отсто намалување“, рече Јаревски.
Јаревски направи компарација за време на владеењето на претходната влада и сегашната.
„Ние претходно се изнагледавме буџети од СДСМ и од ДУИ, кога ќе дојдеше ребалансот гледавме дека реализацијата е лоша. СДСМ успеа да ни го дуплира долгот за времето на нивното владеење. Сега ова е далеку од дуплирање, доколку овие инструменти, како и зголемување на фискалната дисциплина, потоа алатките што ги воведува министерството дадат резултати, веќе реалност ќе ни биде и во однос на растот од 3,8% и во однос на стабилизирањето на инфлацијата“, посочи Јаревски






