„Предлог законот го стеснува обрачот околу оние кои создаваат ризици преку злоупотреба и незаконско користење на пиротехнички средства, особено во затворен простор. Се заострува регулацијата за приредување огномет, факелијада и слични приредби на кои се користат експлозивни материи.
Се заоструваат и казните за правни и физички лица кои ќе ги прекршат одредбите од овој закон. Дел од казните се двојно повисоки, а за некои, законот предвидува и притвор.
Преку ова законско решение ги прошируваме и надлежноста на полицијата. Механизам преку кој ќе овозможиме поголема контрола при користење на експлозиви, како и побрзо и поефикасно спроведување на овој закон.
Ова е само едно од законските решенија со кои ќе направиме значајни подобрувања за зголемена безбедност. Во периодот кој следи, во Собранието ќе се поднесат и други предлози кои се подготвуваа изминативе две недели. Ги повикувам сите мои колеги пратеници, без разлика на политичката припадност, да го поддржат овој предлог-закон, бидејќи станува збор за суштинска промена која не засега сите.
Ја охрабрувам и пошироката јавност, активно да се вклучи во дискусијата и да даде свои сугестии, заедно да донесеме подобри закони и решенија, за да создадеме подобро и побезбедно општество за сите нас“, рече Јаревски.