недела, 4 мај 2025

Јанош Бока, унгарскиот министер за европски прашања во Скопје

Министерот за европски прашања на Унгарија, Јанош Бока денеска ќе одржи отворено предавање на универзитетот Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Како што се наведува во најавата, министерот Бока ќе биде дел од отворената дискусија со студенти од универзитетот, на која ќе бидат присутни и заменик-министерката за европски прашања, доц. д-р Викторија Трајков, поранешниот вицепремиер за европски прашања, проф.д-р Васко Наумовски, и амбасадорот Марјан Ѓорчев.

Поздравно обраќање ќе има ректорот на универзитетот Скопје, проф. д-р Аце Миленковски.

Од Унгарската амбасада во Скопје, наведуваат дека дебатата насловена „Како да ја направиме Европа повторно велика?“ ќе се одржи во Амфитеатарот на универзитетот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ