сабота, 6 декември 2025

Јанкуловска: ЕСЧП ги препозна судските повреди, судиската тога не е панцир

Сознанието дека од страна на Европскиот суд за човекови права овие повреди се препознаени, за мене е една мала лична сатисфакција. Можеби конечно оние со 2% доверба ќе ја примат пораката дека не смеат да слугуваат на ничии интереси и агенди затоа што граѓаните ги плаќаат да ги штитат, а не да ги кршат нивните права. Ова е реакцијата на поранешната министерка за внатрешни работи откако Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур објави дека отвора сериозни прашања во врска со потенцијалните повреди на правото на правично судење во предметот „Тенк“.

Објавено на

часот

Сподели

Јанкуловска ја издржа затворската казна во случајот „Тенк“ со набавката на блиндираниот „мерцедес“. Поранешната министерка за внатрешни работи смета дека потегот на Стразбур е потврда за „беззаконието и бескрупулозноста“ на претходните инсталации во правосудството.

Нејзината реакција ја пренеуваме во целост.

„Европскиот суд за човекови права денес објави дека отвора сериозни прашања во однос на документираните повреди на правото на правично судење во предметот против мене, за набавката на блиндирано возило за потребите на државата. Овие прашања не се само потврда на целото беззаконие и бескрупулозност на инсталациите на претходната власт во правосудството во однос на мене лично, туку и потврда дека токму тие инсталации беа најмоќната алатка за остварување на целите на таа влада. Иако поминаа скоро 5 години од поднесувањето на апликацијата пред ЕСЧП, а јас издржав неправедна драконска казна и штетата која ја претрпев на приватен и професионален план не може да се надомести, сепак сознанието дека од страна на ЕСЧП овие повреди се препознаени, за мене е една мала лична сатисфакција. Можеби конечно оние со 2% доверба ќе ја примат пораката дека не смеат да слугуваат на ничии интереси и агенди затоа што граѓаните ги плаќаат да ги штитат, а не да ги кршат нивните права. Госпоѓата која денес е на столбот на срамот, а која за своите злодела беше од страна на претходната власт дебело наградена со висока функција е пример дека судиската тога не е панцир што штити од општествен прекор. Се надевам дека конечно ќе има одговорност за сите сторени зла, но и ако тоа не се случи, немам дилема дека никој не може да му избега на судот на историјата“, напиша Јанкуловска на нејзиниот фејсбук-профил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ