„Застарел дел од предмет што ниту можело ниту требало да биде предмет на кривично гонење ако барем некои од оние кои се занимавале со него се држеле до законот, правдата и правото, а не се воделе од политички диктати. СЈО и сите таму, беа ‘црпнати’ за да дадат одговор кој, кого и зошто незаконски прислушкувал со години, 24/7. Се занимаваа со сѐ освен со тоа за што беа формирани. Водеа кадровска политика во политичките партии преку политички прогон, ‘билдаа’ партиски рејтинзи за изборни цели, преку закани и притисоци одбираа владини партнери не според освоени гласови туку според дневно политички потреби, и сега проблем бил Кривичниот законик од 2023 (кој сам по себе е тема за посебна дебата). Не е ниту до тој ниту до кој било друг закон. До правниците е, кои во сѐ гледаа математика и тераа политика, си кркаа незаконски бонуси и 10 години парадираа до судовите како холивудски ѕвезди и градеа метеорски кариери ама не заради резултати или квалитет туку заради сервилност кон претходната власт!“, напиша таа.
Јанкуловска: „Црпнатите“ од СЈО
СЈО и сите таму, беа „црпнати” за да дадат одговор кој, кого и зошто незаконски прислушкувал со години, 24/7. Се занимаваа со сѐ освен со тоа за што беа формирани. Вака на својот фејсбук-профил реагираше поранешната министерка Гордана Јанкулоска, која беше обвинета во дел од предметите на СЈО, по вчерашната информација дека застарел дел од случајот „Талир 1“ за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на
часот





