Министереката Јаневска денеска изјави дека на образованието на Ромите се посветува сериозно внимание со проектот „Деценија на Ромите“ и со други посебни проекти на Министерсството за образование (МОН) наменети за ромската етничка задница.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години, или сигурно до 25, тие преку Центарот за образование на возрасните добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некакво образование соодветно на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби…“, рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање.
Посочи и дека МОН ангажира и плаќа 40-ина ромски медијатори за да се зголеми опфатот, односно вклучувањето на ромските деца во училиштата,бидејќи, како што рече, се случува тие да бидат запишани, но да не доаѓаат на училише и да ја напуштаат наставата.






