недела, 14 декември 2025

Јаневска: Сеизмолошката опсерваторија има поддршка од МОН, но имаат и други можности на финансирање

Министерството за образование и наука ќе продолжи да вложува напори за подобрување на условите во сеизмолошката опсерваторија, но треба да се потруди и раководството на институцијата и универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ под чија надлежност е, да бараат и други начини на финансирање и обезбедување опрема. Тоа го истакна ресорната министерка на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарски прашања за состојбата на опсерваторијата.

Објавено на

часот

Сподели

јаневска изрази задоволство што опсерваторијата добила проект, со кои средства ќе можат да купат две до три мерни станици. Опсеравторијата, нагласи, е дел од Природно – математичкиот факултет, кој е единка на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, кој има буџет и треба да води сметка за неговите сопствени приоритети.

„Униеврзитетите и факултетите во Македонија се борат за својата автономија и јас максимално ги поддржувам во тоа. Но, кога станува збор за нивните потреби генерално во опрема тогаш се повикуваат на државата. Државата своите обврски ги остварува кон универзитетите и факултетите, за оваа година тврдам дека сме направиле максимум што сме можеле. И понатаму ќе ги помагаме универзитетите зашто јас тврдам дека она во што со светот ние можеме да се натпреваруваме е науката, високото образование. Но и тие треба да си ја сфатат обврската дека треба да се потрудат и раководството на опсерваторијата и на Универзитетот да бараат разни други начини освен Министерството за финансирање. Има Европска унија, ИПА Фондови, компании кои соработуваат со образованието и многу други можности кои можат да и помогнат на државата“, рече Јаневска.

Изрази уверување дека, вели, не треба да бидеме загрижени дека ќе останеме без сеизмолошка опсерваторија, посочувајќи дека имаме долга историја на сеизмичко следење и со земјотреси и со катастрофален земјотрес, а го имаме и Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија во Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ