„Како што веќе разговаравме, очекуваме во следните години да имаме поголемо намалување, што би било проблем. Оттука и политиката на Владата за подобрување на демографската состојба во државата, па како што можевте да видите, еве денес во прво одделение, а во следните неколку дена и за второ и трето одделение има сликовница за значењето на семејството“, изјави Јаневска.
Прашана кога ќе завршат реформите во образованието, за да нема училишта со пет до шест деца, Јаневска со одговор дека оваа реформа сериозно ќе ја почнат следната година.
„Што значи, со почетокот на учебната година 2026-2027 година. Сметам дека најголем процент од училиштата ќе бидат оптимизирани, а училишните паралелки доведени во состојба да работат по закон, освен во средно стручно образование, каде што тоа не важи и може да има паралелки со помал број. Претпоставувам дека нема да можеме да завршиме сè во една година. Но, верувам дека во следните две години дека тој процес ќе биде завршен“, вели Јаневска,
Прашана за задолжувањето од 15 милиони евра, кое денеска беше изгласано на седница во Собранието, таа појасни дека ова е продолжување на заемот од Светска банка, кој веќе го имаме.
„Сега бараме дополнителни средства, токму за овие причини, кои веќе ви ги кажував, за комплетно воведување на едносменска настава, за едукација на наставниците и за евентуална преквалификација на наставниците“, изјави Јаневска.
Што се однесува за училиштето во Нерово, Министерството за образование и наука и министерството за транспорт и врски веќе имаат превземено чекори за го разрешат проблемот.
„За еден месец навистина не бевме во состојба да преземеме ништо во врска со условите во училиштето во Нерово. Но, секако го имаме предвид и сè што е потребно најбрзо што може ќе го направиме и тоа. Инаку, јас сум свесна дека има други училишта во кои условите би требало да бидат подобрени. Во овој момент веќе кажав седум нови објекти се завршени, 20 училишта реконструирани, како и два студентски дома“, вели Јаневска.






