понеделник, 8 декември 2025

Јаневска: Продолжуваме да градиме инфраструктура и солидни услови за подобро образование на учениците

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска и градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митевски денеска во основното училиште „Блаже Конески“ доделија таблети за четвртоодделенците и направија увид во доградбата на училиштето.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска имаме грандиозно капитално дело по сите стандарди, кое како што ме информираа, ќе биде готово за почетокот на второто полугодие, а потоа ќе се доградува уште една ламела. Продолжуваме да градиме инфраструктура и солидни услови за подобро образование на учениците и за воведување на едносменска настава“, истакна Јаневска.

Градоначалникот Митевски потсети дека општија Аеродром веќе четврта година ги додоелува таблетите за учениците во четврто одделение на ниво на општината.

„На тој начин се трудиме да го модернизираме процесот со примена на дигиталните алатки кои ни стојат на располагање и на тој начин учениците да добијат подобри услови за нови знаење“, истакна Митевски и информираше дека општината годинава доделила и нови училишни униформи за 7.500 ученици.

Според директорка на училиштето Виолета Ристовска, ваквите проекти овозможуваат образование по мерка за секое дете кое, како што рече, е во чекор со дигатилизацијата, а дополнително што токму нивното училиште се доградува поради зголемениот број на ученици. Ристовска информираше дека во училиштето „Блаже Конески“ учат 1.150 ученици, а оваа година се запишале 180 првачиња што е најголем број во државава.

Прашани за загадувањето во општина Аеродром, министерката Јаневска рече дека Владата предвидува решение со гасификација на градот, бидејќи според неа, само тоа може да биде реално решение кое драстично ќе го намали загадувањето. Потсети дека во меѓувреме Владата набави прочистувачи и ги додели по училиштата.

Градоначалникот го посочи примерот со депонијата Вардариште која деновиве е актуелна и за која е во надлежност на градот Скопје, но и дека е во контакт со полицијата и обвинителството за заштита и ограничување на пристапот до депонијата. Митевски информирашее дека се развива и план за ревитализација на депонијата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ