По извршениот увид во градежни активности на спортска сала во ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Општина Ѓорче Петров одговарајќи на новинарско прашање за затворањето на приватната висока стручна школа – Факултет за бизнис економија во Скопје, посочи дека со цел подигање на квалитетот на високото образование МОН формирало комисии кои прават увид во нивното работење.
„Направен е увид и во оваа институција, каде се утврдени бројни неправилности, од кадар, опременост. Им дадовме еден месец рок да ги поправат тие неправилности, но бидејќи воопшто не изреагираа, а дополнително ги изгубија и просторните можности се обративме до Агенцијата за квалитет во високо образование која потврди дека овој т.н факултет е нефункционален и според законот ние вчера издадовме решение за привремен престанок на работа на оваа високообразовна установа“, појасни Јаневска.
Посочи дека досега се затворени 14 приватни научни институти, а ова е првата високообразовна приватна установа, која нема повеќе да работи.
„Се надевам дека по урнекот на приватните универзитети и дел од високообразовните установи кои навистина не исполнуваат услови сами ќе пристапат кон процес на затворање ако не ние ќе ги затвориме“, изјави Јаневска.
МОН вчера информираше дека поради констатирани нерегуларности во работењето и непостапување по задолжение за нивно отстранување била донесена одлука за привремено запирање на работата на приватната висока стручна школа – Факултет за бизнис економија во Скопје.






