сабота, 4 април 2026

Јаневска: Од понеделник законот за високото образование ќе оди во владина процедура

Министерката Весна Јаневска најави дека сите издржани забелешки кои што ќе бидат дадени на новиот закон за високо образование ќе бидат земени предвид пред тој да биде затворен и пуштен во владина процедура, исто, како што рече, што биле прифатени контруктивните забелешки во изминатиот период. Со него, смета таа ќе се воспостави ред во високото образование и ќе се остранат сите нерегуларности.

Објавено на

часот

Сподели

„Во понеделник законот ќе биде затворен и ќе биде даден во владина постапка. До понеделник сѐ што е сериозен приговор и сѐ што е стигнато веќе ќе се разгледа. Во изминатиот период од академската заедница увидоа дека многу од забелешките кои ги дадоа се прифатени. За некои од нив јас лично не се согласував, но комисијата одлучи дека треба и ние ги прифативме. Доколку до понеделник има разумно образложени било какви забелешки, до понеделник вечер ќе може да се направи некоја дополнителна измена“, рече Министеката во одговор на новинарско прашање при увидот во градежни активности на нова училишна зграда во Општина Илинден.

Таа вели дека ред во оваа сфера мора да се стави бидејќи, како што истакна, во изминатиот период биле констирани многу нерегулатности.

„Ќе ве потсетам дека ние во изминатиот период затворивме таканаречени 14 приватни институти. Зошто таканаречени? Најбруталниот пример беше кога комисијата од МОН отиде да направи увид на еден институт. Тој беше регистриран во кладилница, во задната просторија на обложувалница, каде што институтот требаше да ги обавува своите функции на две столчиња и два душека и тој беше веднаш затворен, а вработени беа двајца луѓе и беше прекршен законот инаку не ќе можевме да го затвориме. Значи, тоа е најбруталниот пример кој ви го кажувам. Има и полесни примери, но ние водиме 34 високообразовни институти, установи во земјава, и вакви работи се апсолутно недозволиви, затоа што под називот приватен институт де факто се обавуваат други функции, како што еве примерот со обложувалницата“, рече Јаневска.

Таа истакна оти сите кои работат чесно и професионално не треба да се плашат дали ќе ги исполнат условите од законот.

„Не се критериумите нешто што министерот, работната група арбитрарно ги измисли. Ние направивме сериозна анализа на многу закони во Европа и надвор од Европа и заклучивме дека ова се мерки кои ќе се значајни и потребни за да се подигне квалитетот на високообразовната, но и научната дејност во земјата. Да, можно е да е тешко да се обезбедат 10 доктори на науки, но со оглед дека продукцијата на доктори на науки пак беше висока, им препорачувам да си најдат од тие што чесно ги завршиле тие студии да си вработат луѓе, наместо да ги злоупотребуваат. Денес ги примаат десет, поминува институционалната акредитацијаи пет ги отпуштаат од истиот факултет. Тоа исто така не е во ред и за тоа сме свесни. Во моментот законот за високо образование ја направи единствена академската заедница. Значи, ако по овие критериуми бидат избрани на УКИМ, истите критериуми важат на УГД, истите критериуми важат на ДУТ и тогаш може да има циркулација на професори и на научен кадар“, рече Јаневска.

Таа додаде дека високообразовните установи во прв период после стапување на сила на законот можат да си ангажираат луѓе кои исполнуваат услови кои ќе бидат вработени, на еден институт, а дополнително ќе работат кај нив, а потоа полека да ги обезбедат кадрот.

„Оти кадар се создава со сериозна работа, а не преку купени дипломи. И мислам дека ме разбравте дека тоа е неопходно на земјата“, рече министерката.

Според неа, секој што докторирал треба да има најмалку два објавени труда.

„Значи, за да објави, за да ја одбрани докторски, докторски труд, треба да има најмалку два објавени труда и ако магистрирал претходно, а требал да магистрира и во тој период треба да има одбранет еден труд. Тоа се три труда и тие веќе ги исполнуваат условите“, истакна министерката за образование и наука.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ