Вчера поднесена е четврта кривична пријава против седум дополнителни полициски службеници поврзани со трагедијата.
„Никој нема да биде поштеден ниту заштитен, без разлика на статусот, институцијата од која доаѓа или функцијата која ја извршува или извршувал. Досега, одговорност и сомнежи за поврзаност со овој трагичен случај се утврдени кај 59 физички и 3 правни лица. Продолжуваме со нашата обврска за темелна истрага на секоја причина и сечија одговорност која ја предизвика трагедијата. Ги вложуваме сите наши капацитети во расчистувањето на сите причини кои доведоа до трагедијата и да изградиме поинаков, посилен и поправеден систем, ваквите трагедии никогаш да не се повторат. Македонија заслужува систем кој ќе ја почитува правдата и ќе гарантира безбедност за секој граѓанин, без компромиси. Време е да се изгради силен, транспарентен и одговорен систем кој нема да дозволи повторување на вакви трагедии“, напиша директорот на БЈБ.