петок, 19 декември 2025
Директорот на БЈБ за првиот круг на локалните избори

Јанев: Полицијата за време на изборниот ден ја оправда довербата од граѓаните

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев ден по одржувањето на првиот круг од локалните избори 2025 година и по успешната и безбедна дистрибуција на целиот избирачки материјал до општинските изборни комисии, констатира дека како општество покажавме зрелост, достоинство и вредности кои се препознатлив белег на стабилни и демократски држави.

Објавено на

часот

Сподели

„Полицијата уште еднаш ја оправда довербата што граѓаните ѝ ја даваат. Преку професионално, законито и одговорно постапување, ги потврди својата улога и мисија да биде стожер на безбедноста, чувар на јавниот ред и гарант на сигурноста на секој граѓанин. Со висок степен на интегритет, дисциплина и нулта толеранција кон какво било незаконско дејствување, полициските службеници беа присутни на секој чекор, обезбедувајќи мирен, достоинствен и транспарентен изборен процес. Секоја пријава, секој обид за нарушување на изборниот процес беше навремено откриен, темелно проверен и соодветно процесуиран. Брзата и одлучна реакција на полицијата уште еднаш потврди дека законот важи подеднакво за сите без оглед на статус, функција или политичка припадност“, пишува Јанев.

Според него, она што посебно охрабрува е партнерството што заеднички го изградиле со граѓаните, партнерство засновано на доверба, транспарентност и заедничка грижа за безбедноста и демократијата.

„Токму тоа е темелот врз кој ја градиме современата, европска Македонија, држава на ред, сигурност и почитување на институциите. Искрено им се заблагодарувам на сите полициски службеници кои беа на првата линија на теренот, за нивната професионалност, посветеност и достоинствено претставување на полицијата. Благодарност и до целиот раководен кадар за координираноста, одговорноста и лидерството што го демонстрираа во текот на целиот процес. Граѓаните, полицијата и државата уште еднаш покажаа дека кога сме обединети околу вредностите на демократијата, законитоста и интегритетот Македонија оди напред“, нагласува директорот на БЈБ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ