„Постојано ја давам мојата лична поддршка и знаење на раководството и колегите од ОВР Кочани. Секојдневно се ангажираат полициски службеници од други градови и региони за да им помогнат на колегите во Кочани – заедно да ја испорачуваме безбедноста и да ја возобновиме довербата на заедницата во полицијата. Нашата цел е да изградиме вредности на заедништво, транспарентност и блискост, затоа што само со здружени сили може да се оди напред, да се гради системот и да се инвестира во колективната безбедност“, истакна директорот на Бирото за јавна безбедност.

Јанев денеска беше и на терен со колегите во ОВР Берово, каде со раководството и со полициските службеници, беше анализирана актуелната состојба, предизвиците кои стојат пред полицијата и начините и методите со нивно справување.

„Пораката е јасна и недвосмислена – нема да дозволиме криминалот и поединците кои го нарушуваат мирот да го уништат заедништвото и довербата што ја градиме со упорна работа и чесна служба“, заклучи директорот на БЈБ Јанев.






