понеделник, 14 јули 2025

Јанев: Нашите елитни единици се рамо до рамо со партнерите од Армијата на САД

Горди сме на професионалноста на нашите елитни единици, кои рамо до рамо со партнерите од Армијата на САД разменуваат искуства и знаења, истакна директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, кој пденеска рисуствуваше на воените и антитерористички вежби на специјалната единица САЕ – Тигар.

Објавено на

часот

Сподели

Како што пренесуваат од Министерството за внатрешни работи, Јанев нагласил дека оваа обука е потврда за високото ниво на доверба и партнерство меѓу македонските и американските безбедносни сили.

„Ова е уште една потврда за нивото на доверба и соработка што го имаме со нашите стратешки сојузници“, истакнал директорот Јанев, потенцирајќи дека оваа заедничка обука всушност е дел од пошироката програма за меѓународна соработка и зајакнување на интероперабилноста на специјалните сили, организирана со поддршка на Амбасадата на САД и Канцеларијата за регионална безбедност.

Според Јанев, станува збор за активности кои не само што го зајакнуваат капацитетот на безбедносните сили, туку ја унапредуваат и стратешката поврзаност меѓу институциите на двете земји.

Обуката, која се реализира во соработка со баталјонот „Волци“ од Армијата на Северна Македонија и специјалните сили на Армијата на САД – Зелените Беретки, се одржаа на армискиот полигон „Криволак“ и во седиштето на САЕ – Тигар, како дел од повеќенеделната програма за размена на тактики и техники.

Од МВР дополнуваат дека следната ваква обука е веќе во подготовка и ќе се реализира во август 2025 година, со фокус на напредни противтерористички техники

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ