понеделник, 6 април 2026

Јанчев: Среќа е што во пожарите нема последици по домовите и граѓаните

Најважно е што на целокупната територија каде избувнаа пожарите нема материјални штети ниту пак последици по домовите и домаќинствата на граѓаните, објави вечерва на фејсбук кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, кој раководи со регионалниот Кризен штаб за борба против пожарите во државата.

Објавено на

часот

Сподели

За среќа, штетите што беа предизвикани од пожарите се незначителни, односно немаме изгубено шума од висок карактер, туку претежно грмушки, сува трева и смреки, напиша Јанчев на фејсбук.

„По иницијатива на премиерот Христијан Мицкоски, а во врска со пожарите во регионот, деновиве беше формиран регионален кризен штаб. Со мерките кои беа преземени во изминатите два дена од заседавањето заедно со министрите за внатрешни работи и на одбрана, Панче Тошковски и Владо Мисајловски и градоначалниците од соседните општини, како и со ресурсите кои беа на располагање од АРМ, МВР, ЦУК, ДЗС, ТППЕ од сите општини, јавните претпријатија, приватниот сектор и воздухопловство и со оние кои беа дојдени на помош од страна, успеа да се изгасне пожарот во Радовиш, Неготино и неготинско, а другите пожари во Штип кај селата Пухче и Селце се под контрола, целосно локализирани и се очекува утре да се изгаснат“, напиша Јанчев.

Тој соопшти дека пожарите кај Градско, село Подлес, Росоман кај село Сирково, село Мрзен и Фариш, Чашка кај Горно и Долно Јаболчиште и планина Лисец, се локализирани, под контрола и истите се очекува утре целосно да бидат изгаснати.

„Голема благодарност за максималната поддршка и брзата реакција од страна на Владата на Република Македонија, до АРМ, МВР, ЦУК и ДЗС, како и до ТППЕ од сите засегнати општини, јавните претпријатија, нашите жители и градоначалниците кои неуморно и истрајно работеа во борбата против пожарите. Голема благодарност и до нашите пилоти од АРМ, МВР, ДЗС, но и пилотите кои беа на терен покрај нас, од соседните пријателски држави“, сподели на фејсбук Јанчев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ