вторник, 8 јули 2025

Јанчев од Левица го поддржува протестот на екоактивистите против изградба на две мали хидроцентрали на Дошница

Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, поддржувајќи ја граѓанската иницијатива, од првиот ден со екоактивистите учествува на блокадите против изградба на две мали хидроцентрали на Дошница.

Објавено на

часот

Сподели

Тој вчера на својот Фејсбук-профил објавувајќи слика од речиси целосно пресушена река напиша:

„Ова е непосредно пред Смрдлива Вода на Кожуф. Тука некогаш имаше река. Во реката имаше риби и ракчиња. Имаше и цела шума дрвја по коритото. Сега нема ништо од тоа. Ама има минихидроцентрала. Реката е во цевки, а по коритото е пустелија. И тука завршува целата дискусија дали на мали рекички треба да има мали хидроелектрани. На мала рекичка еден камен да се помести станува катастрофа, не пак цела рекичка во цевки да се стави. Е ова се спремаат да ѝ го направат на најчистата река на Кожуф, реката Дошница. Во Дошница има пастрмка и тоа кажува сѐ за реката. Во нејзините благодети директно уживаат жителите Гевгелија, Кавадарци и Демир Капија“, пишува Јанчев.

Пратеникот на Левица потенцира дека индиректното влијание е многу поголемо, како географско така и по број на судбини.

„Затоа, бесмислено е вопшто да се ставаат на ист кантар правото на профит на поединци и правото на сите останати на чиста и недопрена Дошница. Елајте си на Кожуф, во природата, при родата, да си ја одбраниме при-РОДАТА”,  напиша пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, кој инаку е долгогодишен екоактивист, поддржувајќи го денешниот протест кај Смрдлива Вода.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ