Со тоа трговскиот дефицит во првите два месеца од годинава изнесува 37.211,8 милиони денари или 604,7 милиони евра, а покриеноста на увозот со извоз е 67 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, најголемо учество во извозот имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот, пак, најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.
Наш најголем трговски партнер е Германија, по што следат Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.






