вторник, 27 јануари 2026

Изречени казни од 53 милиони денари во 2025, за повреди на конкуренцијата

Во текот на 2025 година изречени се казни за повреди на одредбите од Законот за заштита на конкуренцијата и за повреди на одредбите од Законот за забрана на нефер трговски практики, во вкупна вредност од 53.044.555 денари, информираат денеска од Комисијата за заштита на конкуренцијата. 

Објавено на

часот

Сподели

Со изречените санкции, како што посочуваат од комисијата, се испраќа јасна и недвосмислена порака дека картелските договори, забранетите договори, злоупотребата на доминантна позиција, непријавените концентрации и нефер трговските практики нема да бидат толерирани.

Казните, како што се наведува во соопштението, имаат изразена превентивна улога и претставуваат ефикасен механизам за одвраќање од идни повреди на пазарните правила.

Комисијата најави дека ќе продолжи со активен надзор и доследна примена на законските овластувања, со цел обезбедување фер и транспарентни пазарни услови, еднаков третман на економските оператори и ефективна заштита на конкуренцијата и интересите на потрошувачите.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ