недела, 14 декември 2025
Основен кривичен суд Скопје

Изречена условна казна за Мери Пешевска за случајот „Онкологија“

Основниот кривичен суд Скопје ја огласи за виновна докторката Мери Пешевска за тешки дела против здравјето на луѓето во случајот „Онкологија”, кој се однесува на несовесно лекување пациенти и ја осуди на условна казна затвор од две години. Како што кажа судијката Снежана Марковска изрекувајќи ја пресудата, казната од две години затвор на обвинетата нема да се изврши доколку во наредните пет години Пешевска не стори друго кривично дело.

Објавено на

часот

Сподели

Пресудата беше изречена откако обвинетата докторка на првото рочиште призна вина. Таа беше второобвинета во предметот во кој како на првообвинет му се суди на поранешниот директор на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, Нино Васев, како и на уште двајца лекари онколози.

Васев и другите двајца онколози претходно се изјаснија дека не се чувствуваат виновни и за нив судскиот процес продолжи, а за Пешевска постапката беше одвоена и се водеше до денешното изрекување на пресудата.

Во завршните зборови на претходното рочиште од издвоената постапка за Пешевска, таа рече дека била злоупотребена од колегите онколози. Докторите, како што кажа, имале пракса да користат печат од друг онколог за да може пациентите навремено да ја добијат терапијата, но наведе дека никогаш не помислила дека правилото може да е злоупотребено. На седумтемина пациенти кои според обвинението биле несоодветно лекувани, таа не им била ординирачки доктор, туку обвинетиот Нино Васев, кој со нејзиниот печат ја одредувал терапијата.

„Јас од моја небрежност и невнимание сум ги оставила на шалтер својот факсимил, корисничко име и лозинка. Сме имале доверба и не сме се посомневале во нечесни намери. Но сега печатот е со мене во џеб во мантилот, системот го гасам и компјутерот не го оставам ниту секунда“, истакна Пешевска во завршните зборови.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ