среда, 10 декември 2025

Измина рокот од 6 месеци за усогласување на Кривичниот законик

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски е во комуникација со претседателот на Собранието Африм Гаши и писмено ќе се обрати до Собранието за да добие официјална информација во врска со определениот рок од 6 месеци и насоките за усогласување на законот, дадени од Уставниот суд.

Објавено на

часот

Сподели

Oва соопштение на Уставниот суд е во врска со поведената постапка за оценување на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, а за кои Уставниот суд одреди рок од 6 месеци за Собранието да се усогласи со ставовите на Судот изнесени во Решението.

Врз основа на одговорот од Собранието, Судот ќе ги преземе понатамошните чекори за постапување во овој предмет, соопшти Уставниот суд.

На 12 февруари Уставниот суд донесе решение со кое се поведува постапка за оценување на уставноста на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Се определи рок од шест месеци на Собранието на Република Северна Македонија за измена и/или дополнување на Законот од точката 1 од диспозитивот во согласност со ставовите на Судот изнесени во образложението на ова решение.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ