петок, 23 мај 2025

Измина една деценија од терористичкиот напад во Диво Насеље во кој загинаа осум полицајци

Денеска се навршува деценија од терористичкиот напад во кумановско „Диво насеље“ кога на 9 и 10 мај 2015 загинаа осум припадници на безбедносните сили во 28-часовни престрелки во кои имаше и 37 повредени.

 

Објавено на

часот

Сподели

Загинатите македонски припадници кои го дадоа животот во антитеротистичката акција постхумно беа одликувани со медал за храброст. Во чест на загинатите во кругот на СВР Куманово беше откриена спомен-плоча, а беше создаден и мурал „Хероите живеат вечно“ во централното подрачје на Куманово.

Да се сеќаваме со достоинство, да работиме на иднина, на мир и заедништво, порача денеска кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски попвот десетгодишнината од трагичниот настан на 9 и 10 мај во кумановско „Диво Насеље“.

„Во чест на десетгодишнината од трагичниот настан на 9 и 10 мај, со длабока почит се сеќаваме на осумтемина припадници на безбедносните сили кои храбро ги положија своите животи. Нивната жртва, постхумно одликувана со медали за храброст, останува вечен симбол на непоколеблива посветеност и несебично служење“, напиша Димитриевски.

Тој посочува дека годишнината носи силна порака достоинствено сеќавање, оддавање заслужена почит но и работа кон иднина ослободена од такви трагедии, иднина на мир, стабилност и заедништво.

„Нека нивниот подвиг биде светилник што нè води кон праведно и безбедно општество. Благодарност до македонските безбедносни сили што се грижат за зачувување на безбедноста и мирот на нашите граѓани“, напиша Димитриевски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ