сабота, 13 декември 2025

Измените на Законот за рибарство и аквакултура добија поддршка од собраниската комисија

Собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на денешната 13 седница го поддржа предлог-законот за изменување и дополнување на законот за рибарство и аквакултура – второ читање, и го проследи на понатамошна постапка во Собранието.

Објавено на

часот

Сподели

Со Законот за рибарство и аквакултура се уредуваат риболовните води и риболовот, управувањето и користењето на рибите и другите водни организми, аквакултурата, заедничкото уредување на пазарот на производите од рибарство и аквакултура, надлежните тела, заштитата на рибите и другите водни организми, поморот на риби, надоместок на штета и право на оштета, порибувањето и производството на порибителен материјал, како и други прашања од значење во областа на рибарството и аквакултурата.

Со предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за рибарство и
аквакултура ќе се пролонгира рокот за донесување на сите подзаконски акти согласно
Законот за рибарство и аквакултура со што ќе се овозможи нивно донесување во предвиден рок, а со пролонгирање на рокот на примена на одредбите кои се однесуваат на финансиската поддршка во рибарството и аквакултурата ќе се обезбеди функционирање на досегашните системи потребни за непречена исплата на финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ