среда, 2 април 2025

Измените на Законот за работно ангажирање на лица ќе го регулираат работниот ангажман и на пензионерите и на студентите

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со најавените измени на Законот за работно ангажирање на лица, истакна дека е тоа закон за кој којшто делумно има поддршка и од опозицијата.

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа е закон во којшто ќе биде регулиран работниот однос и на оние лица коишто се пензионирани, или оние лица коишто се студенти. Досега тоа некако се одвиваше и беше дел од сивата економија. Со измените во овој закон тоа ќе се регулира. Целта ни е да ја зголемиме вработеноста, да ја зголемиме продуктивноста, а во насока на зголемување на перформансите на економијата“, истакна премиерот Мицкоски.

Истовремено тој нагласи дека како Влада се задоволни од економските перформанси и индикатори кои покажуваат знаци на консолидирање.

„Задоволни сме од резултатите во третиот и четвртиот квартал, тие се меѓу петте во Европа, над 3 отсто. За првиот квартал од оваа година очекуваме исто така поволни резултати, ќе видиме како понатаму ќе се движи. Задоволни сме од нивото на странските инвестиции, тоа е историски највисоко. Задоволни сме што конечно извозот и индустриското производство, полека но сигурно почнуваат да растат. Така што сите перформанси во делот на економијата и сите оние индикатори покажуваат знаци на консолидирање, за разлика од тоа коешто во минатото претставуваше грабеж, пљачка и уништување“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ