понеделник, 23 февруари 2026

Изменет сообраќаен режим кај клучките Миладиновци, Петровец и Аеродром

На автопатската делница кај клучките Миладиновци и Петровец денеска и утре ќе се одвива времена измена во сообраќајот поради технички зафват, а кај клучката Аеродром во дневно од шест до осум часа, сообраќајот ќе се одвива во сообраќајните ленти за претекнување, соопшти АМСМ.

Објавено на

часот

Сподели

АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Потсетува дека од 15 ноември 2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2026 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21 ноември 2025 до 31 март 2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ