петок, 23 јануари 2026

Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Преспа“ посветена на областа Мала Преспа

Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Преспа“ посветена на областа Мала Преспа, која е авторско дело на Никола Ѓурѓај,  претседател на македонското друштво „Илинден“-Тирана и уредник на истоимениот македонски весник.

Објавено на

часот

Сподели

„Со задоволство и гордост можам да кажам дека од печат излезе моето авторско дело- разгледницата посветена на областа Преспа, што е трето вакво мое дело, по она за Голо Брдо и Гора. Вакви разгледници за првпат се изработени во Република Албанија“, рече Ѓурѓај за МИА.

Разгледницата содржи 8 фотографии главно со цркви во овој крај, меѓу кои и познатата пештерска црква, како и фотографија од Преспанско Езеро и кадравиот пеликан.

И ова, како и другите две изданија, е отпечатено со финансиска поддршка на семејство Ѓурѓај.

Првата разгледница „Поздрав од Голо Брдо“ содржи 15 фотографии од селата во овој крај, додека на втората „Поздрав од Гора” претставени се македонски народни носии од оваа област.

Според Ѓурѓај, разгледниците ќе бидат дистрибуирани низ цела Албанија, претставувајќи значаен придонес во зачувувањето и промоцијата на македонското културно наследство на овие простори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ