недела, 6 април 2025

Излевањето на Маркова река предизвика материјална штета

Дирекцијата за заштита и спасување информира дека по излевањето на Маркова река во општина Студеничани евидентирана е материјална штета, но нема опасност по жителите од овој крај.

Објавено на

часот

Сподели

„Еден тим за брз одговор интервенираше со пумпи за извлекување на вода, и истите ќе интревенираат по потреба во текот на денот. Досегашните информации покажуваат дека ситуацијата е под контрола и нема опасност за жителите, освен моментално евидентирана материјална штета“, наведува Дирекцијата за заштита и спасување во објава на Фејсбук.

Поради врнежите од дожд, синоќа дојде е до излевање на Маркова Река кај населененото место Љубош поради што беа поплавени неколку куќи, магацини и индустриски објекти во селата Студеничани, Батинци и делови кон Пинтија.

Од Центарот за управуавње со кризи утринава информираа дека е пријавено поплавување на дел од булеварот „Борис Трајковски“ кај населбата Пинтија, каде исто така имало пријави за поплавени магацини.

Во текот на ноќта, на Единствениот број за итни повици 112 добиени се и пријави за поплавени куќи и во Горно Лисиче.

Од АМСМ информираа дека непроодни се локалниот пат село Горно Лисиче кон село Долно Лисиче во општина Аеродром и првиот мост во село Батинци.

ЈСП „Скопје“ информираше дека поради поплавите од Маркова Река, автобусот со број 70 сообраќа до почетна/крајна станица Дризла и автобусот со број 33 преку населба Драчево во двете насоки.

Железници на Македонија известуваат дека железничкиот патнички и товарен сообраќај од синоќа, од 22:50 часот е во прекин во правец на Лисиче и Драчево и обратно, додека патничкиот сообраќај се одвива преку станицата Трубарево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ