Во однос на возрасната дистрибуција, 621 лице биле на возраст од 15 до 64 години, 185 биле деца на возраст од пет до 14 години, 164 – деца на возраст до четири години, а 143 биле лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца била регистрирана кај децата на возраст до четири години.
„Заболените лица се пријавени од 21 ЦЈЗ/ПЕ: Скопје – 669, Струмица – 81, Прилеп – 61, Тетово – 50 Гевгелија и Охрид – 37, а во Битола, Куманово, Дебар, Струга, Кичево, Штип, Кавадарци, Неготино, Пробиштип, Гостивар, Радовиш,Свети Николе, Велес, Кратово, Македонски Брод, бројот на заболени е помал од триесет. Во Крушево, Валандово, Крива Паланка, Демир Хисар, Берово, Кочани, Ресен, Виница, Делчево и Пехчево, нема пријавени заболени лица од грип и заболувања слични на грип, се додава во извештајот на ИЈЗ.
Во сезоната 2025/2026, вкупниот број случаи на грип – заболувања слични на грипот изнесува 14.984, според извештајот на институтот.
Заклучно со осмата недела, во земјава биле вакцинирани вкупно 79.118 лица со бесплатна или комерцијална вакцина.






