Пожарникарите од Старо Нагоричане го гаселе со три противпожарни возила и осум пожарникари. Во интервенцијата се вклучиле и ТППЕ Ранковце и Кратово со по едно возило и вкупно шест пожарникари, како и возило од ТППЕ Куманово за дотур на вода.

„Во интервенцијата логистичка поддршка ни дадоа мештани“, изјави командирот на ТППЕ, Старо Нагоричане, Далибор Трајковски.
Лани, на локацијата имаше пожар кој подоцна се прошири кон селата од општините Куманово и Кратово.
Претходно, пожарникарите од Старо Нагоричане гасеа пожар во истото село, но на друга локација и таму горела сува трева и дрва.






