сабота, 13 декември 2025

Изгоре половина од Паркот на природата „Езерани“ (ВИДЕО)

Неколкутте пожари кои во текот на јули избувнуваа во Паркот на природата „Езерани“ предизвикаа огромни последици врз квалитетот на живот на локалното население, биолошката разновидност, како и квалитетот на водите од Преспанското Езеро. Изгореа повеќе од 500 хектари површина, главно природа која треба да биде гордост во претставување на нашите природни вредности пред светот, информираат од Македонското еколошко друштво.

Објавено на

часот

Сподели

Деновиве тимот на МЕД предводен од Лазар Николов изврши детална анализа на состојбите на терен – изгореа 200 хектари трска, 160 хектари шуми и галерии од врби и тополи, околу 100 хектари на ливадски заедници, околу 30 хектари шуми од евла, околу 15 хектари земјоделски насади и овоштарници, како и 10 хектари преодни вегетациски типови од најблиското крајбрежје на езерото.

„Нашите првични согледувања на терен се дека околу 50% од зафатените површини од шуми и овоштарници се целосно уништени. За да се добие перцепција за сериозноста на ситуацијата, можеме да истакнеме дека скоро половина од копнената површина на Паркот на природата ‘Езерани’ настрада во овој пожар, предизвикувајќи штети во вредност од милиони евра. Сакаме да истакнаме дека Паркот на природа ‘Езерани’ е прогласено за заштитено подрачје од IV-та катергорија според Закон за заштита на природа, согласно критериумите на Меѓународниот сојуз за заштита на природа (IUCN), а според нашите согледувања ‘Езерани’ претставува национално и светско природно богатство со кое треба да се гордее целата држава. Искрено жалиме за настанатаta штета која ја претрпе Преспа и се обврзуваме дека и во иднина ќе продолжиме да работиме на подигање на јавната свест за значењето на природата“, изјави Николов од МЕД.

И изминатите години во и околу паркот имало пожари од помали размери кои се карактеристични во периодот февруари-април кога вегетацијата е многу слабо развиена. Но, во ваков сушен период од годината, со толку многу лесно и брзо горлива вегетација, пожар од ваков интензитет и размери е незапаметен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ