недела, 14 декември 2025

Изгоре БМВ-то на Чомбе, тој вели никој не му се заканувал и бара од МВР да го најде сторителот

Ноќеска околу 3 часот по полноќ е запалено возилото на поранешниот директор на Зоолошката и претседател на скопската организација на СДСМ , Ѓорѓи Галетановски Чомбе. Тој го повика Министерството за внатрешни работи да го открие сторителот и вели дека никој не му се заканувал.

Објавено на

часот

Сподели

„Возилото мое е изгорено целосно. Ниту сум скаран со некој нит некој ми се заканувал. Секоја чест на пожарникарите што пристигнаа за 3 минути и пламенот не ги зафати куќите.

Апелирам до министерот и до Министерството за внатрешни работи и надлежните најскоро да го најдат сторителот, не поради финансиска загуба, туку поради мирен живот во Скопје и цела држава на сите граѓани. Има и сејф сити и камери околу, да се надеваме дека мирот ќе биде вратен“, напиша Галетановски на социјалните мрежи.

Случајот е пријавен и во МВР.

„Денеска (09.09.2025) во СВР Скопје е пријавено дека на ул. Иван Козаров во Скопје опожарено било патничко возило БМВ со скопски регистарски ознаки сопственост на Ѓ.Г.(43) од Скопје, а од пожарот биле зафатени уште две патнички возила опел со скопски регистарски ознаки сопственост на Е.К.(30) од Скопје и форд со скопски регистарски ознаки сопственост на А.М.(47) од Скопје“, велат од МВР.

СДСМ го осуди, како што велат криминалниот чин и палењето на возилото на претседателот на Градската организација, Галетановски.

„Со доаѓањето на ВМРO-ДПМНЕ на власт безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена. МВР наместо да се занимава со тоа како лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ да земат милионски тендери нека земе конечно нешто да работи. Бараме МВР и сите надлежни институции веднаш да постапат, целосно да го расчистат случајот и сторителите да одговараат“, велат од СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ