Активни се пожарите на територијата на Општина Дојран, кас селото Николиќ гори нискостеблеста шума, ниска вегетација гори кај Прдејци, Гевгелија, во Старо Балдовци, Струмица гори ниска вегетација, опожарен е овоштарник во село Перово, Ресен и мешана шума гори во атарот на селото Џимидирци, Општина Велес.
Под контрола се пожарите во Македонски Брод во селата Рамне, Слатина, Црешнево, Крапа и Локвица и Чучер Сандево, помеѓу селата Блаце и Горњани.
Локализирани се шест пожари на териториите на општините Прилеп, Свети Николе, Теарце, Старо Нагоричане и Чашка.






