Под контрола се ставени пожарите во општина Велес, селата Џидимирци, Крушје и Иванковци, во дојранското село Николиќ, во општина Демир Хисар и во општина Македонски Брод, меѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа, рече Вчкова.
Таа информира дека во текот на денешниот ден два ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), како и две возила со екипаж, ќе бидат ангажирани на гаснење на пожарот кај село Нивичино. Во гаснењето на овој пожар ќе биде ангажиран и хеликоптер на МВР.
Вториот хеликоптер на МВР и воздухопловот на Армијата, како што рече, ќе бидат ставени во готовност и ќе бидат ангажирани според потребите и приоритетите на Главниот штаб во текот на денешниот ден. Специјализирани возила на ДЗС ќе бидат распределени на три локации, едно возило со екипаж на пожарот меѓу селата Крапа и Локвица во општина Македонски Брод, две возила со екипаж кај селата Џидимирци, Крушје и Иванковци во Велешко. Армијата ќе ангажира 30 припадници кај пожарот во селата Џидимирци, Крушје и Иванковци.
Таа информира дека оние пожари кои се појавија вчера попладне, како резулатат на силен ветер и искрење од жици, во општините Куманово, Старо Нагоричане, на територија на Град Скопје, Струга, Демир Хисар и Битола, сите се целосно изгаснати.






