понеделник, 15 декември 2025

Изгаснати пет и еден локализиран пожар во Кумановско , автопатот Скопје – Куманово е пуштен за сообраќај

Кумановските пожарникари интервенирале на шест пожари во попладневните часови, пет се завршени, останува уште еден кој е локализиран и наскоро ќе биде изгаснат, информираше заменик-командирот на ТППЕ Куманово, Борис Станковски.

Објавено на

часот

Сподели

„Пожари имаше во населбата Карпош, Табановце, Четирце, Агино село, атар помеѓу селата Речица и Ваксинце, и една екипа интервенираше во Стрновац. Имаше и пожар на куќа во населба Карпош“, изјави Станковски.

Пожарникарите од Старо Нагоричане, пак, интервенирале на два пожара, еден во близина на црквата Света Петка во атарот на Младо Нагоричане и вториот во село Стрновац.

„Една екипа го гасеше пожарот во Стрновац со помош на мештани, беше зафатена стара напуштена куќа, гореа стрништа и нискостеблеста вегетација. Во Младо Нагоричане има опожарен помошен објект и една стара напуштена куќа, сè уште тлее и тука се нашите екипи“, изјави командирот на ТППЕ, Далибор Трајковски.

Последната информација од пожарите во Скопско, кај Бунарџик е дека поголемиот дел се ставени под контрола и се гаснат уште неколку мали парчиња. Автопатот е пуштен за сообраќај.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ