Активен е пожарот кај село Нивичино во Општина Василево каде што гори нискостеблеста шума.
Под контрола се пожарите кај селата Џидимирци, Крушје и Иванковци во Општина Велес, кај Николич во Општина Дојран, помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа, како и пожарот на градската депонија во Демир Хисар.
Изгаснати се 28 пожари, меѓу кои и кај селото Мршевци помеѓу рафинеријата и индустриска зона Бунарџик во Општина Илинден. Пожарот кај Мршевци поради ветерот се прошири кон селото Бујковци и кон индустриската зона. Од огнот делумно беше зафатен покривот на црквата кај селото Мршевци.






